Во Чешка забрзано се шири сојот омикрон и има 11.452 заразени во изминатите 24 часа. Сепак, нивниот здравствен систем воопшто не е преоптоварен, пишува Ројтерс.
Во моментов има околу 2000 хоспитализирани пациенти, a во декември беа над 7.000.
Бројот на новозаразени во моментов е речиси двојно поголем од оној од минатата недела, но освен што нема оптоварување на болниците, намалена е и смртноста, односно при двојно повеќе заразени, има доста помалку починати, отколку кога бројот на заразени беше помал.
Здравствените власти во Чешка сметаат дека омикрон бранот ќе биде брз и кон крајот на месецот очекуваат и по 50.000 заразени дневно, но се надеваат дека нема да предизвика дополнителни компликации кај пациентите кои го прележуваат.
Сепак, најголем дел од заразените и понатаму се оние кои не се вакцинирани, смета чешкото Министерство за здравство.
Во Чешка досега има 36.765 починати од Ковид-19 а вкупната попилација е речиси 11 милиони жители.