Чешка и донира на Украина оружје вредно 7,6 милиони евра

by Fokus

Чешка ќе донира автоматски и снајперски пушки, пиштоли и муниција во вредност од 7,6 милиони евра на Украина, објави министерката за одбрана на таа држава.

-Владата одобри натамошна помош за Украина, која се соочува со руски напад, напиша министерката Јана Чернохова на Твитер.

„Министерството за одбрана ќе се погрижи и за транспортот до место поставено од украинската страна. Нашата помош не е завршена“, додава таа.

Прага во јануари и донираше на Украина 4.000 артилериски гранати во вредност од 1,5 милиони евра.

Поврзани новости