Чешка го зголеми увозот на руска нафта

by Fokus

Суровата нафта од Русија сочинува повеќе од половина од чешкиот увоз во првата половина од годината, објави денеска државниот оператор на гасоводот МЕРО. Руската нафта учествуваше со 65 отсто од увозот, во однос на 56 отсто во цела 2022 година и 49 отсто во 2021 година.

Чешка увезува нафта преку гасоводот Дружба преку Украина и преку гасоводот ИКЛ, кој е поврзан со германскиот гасовод ТАЛ.

-Во првите шест месеци од оваа година, учеството на увозот на нафта од Русија, преку нафтоводот Дружба, беше 65 до 35 отсто во споредба со (учеството на) увозот од други земји (преку гасоводот ИКЛ, објави МЕРО.

Главниот клиент на МЕРО е ОРЛЕН Унипетрол, филијала на полскиот ПКН ОРЛЕН, која има рафинерии во Литвиново и Кралупи во Чешка.

Чесите увезуваат руска нафта преку цевководи благодарение на изземањето од санкциите на ЕУ што ги обезбедија бидејќи не можат да ги покријат потребите од околу седум милиони метрички тони нафта годишно преку алтернативната рута, нафтоводите ИКЛ и ТАЛ.

 

Поврзани новости