Спалеолози од клубот „Кораби“ наишле на остатоци од неколку черепи и една неексплодирана граната на околу 30 метри длабочина додека ја истражувале пештерата на местото Чавкарник во селото Корито.
Претседателот на спелеолошкиот клуб го пријавил случајот во полициска станица вчера попладне.
По наредба на јавен обвинител бил извршен и увид во придружба на претставници од Дирекцијата за заштита и спасување и од Секторот за антитероризам при УБК Гостивар.
„Притоа, од дното на пештерата, на длабочина од околу 30 метри биле пронајдени и извадени дел од активирана граната од рачен фрлач, делови од човечки труп, еден долен дел од обувка, еден дел од реденик за куршуми, две чаури од патрони од ловечка пушка, повеќе парчиња облека и една запалка“, информираат од МВР.
Од таму додаваат дека пронајдените предмети се фотографирани и доставени за вештачење.