Чепреганов: Ако Ердоган можеше да воведе четири дена карантин, можевме и ние

by fokus

Доктор Методи Чепреганов во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 рече дека морало да има консензус меѓу партиски, но и верските лидери за мерките за заштита од корона вирус.

-Направени се грешки, бидејќи не беше предвидено што ќе се случи. Ако можеше, Ердоган да воведе 4 дена карантин, ако можеше Мека да се забрани, ако може Русите да не ја прават првомајската парада, можевме и ние тие 4-5 дена да ги ставиме под карантин. Треба заедно да се бориме, а не да префрламе вина. Комисијата извонредно ги постави работите, бројките паднаа се до моментот кога излегоа литиите. И после тоа се отворија и џамиите. За мене требаше консензус, и меѓу партиските лидери, ама и меѓу верските лидери. Нема тука јас ова, ти она, ти не знаеш, јас знам.. Нема тука партиски игри, тука треба консензус, вели Чепреганов.

Поврзани новости