474
Јане Ченто, кој денеска беше осуден на 15-години затвор, како обвинет во случајот „27 април“, не побара да се брани од слобода до правосилност на пресудата, бидејќи како што рече, секако ќе биде напишана некоја службена белешка со која ќе биде вратен во притвор.
-Не се плашам од затворот. Вие ме осудивте, историјата ќе не ослободи. Еден ден ќе огрее сонцето на слободата. Да живее Република Македонија, рече Ченто.