Челзи договори уште еден играч за 30 милиони евра

by Fokus

Зимскиот преоден рок се уште не е завршен, а Челзи веќе договори уште едно засилување за следната сезона! По Кристофер Енкунку, лондонскиот клуб го доби и Мала Густо, десниот бек на Лион.

Првиот човек на Лион, Жан Мишел Аула истакна дека нема да попушти под притисокот на Челзи, дека 19-годишниот Французин ќе остане во клубот до крајот на сезоната.

Лондонскиот клуб ќе ја заврши работата веќе во јануари, но Густо ќе го остави на располагање на Лоран Блан до летото кога ќе им се приклучи на новите соиграчи на Стемфорд Бриџ.

Според сите релевантни медиуми, францускиот клуб ќе заработи фиксна сума од 30.000.000 евра, а ќе добие и одредена сума од бонусот. Да потсетиме, Челзи ги отвори преговорите со понуда од 20.000.000 евра, но Лион не сакаше ниту да ја слушне. На крајот успеа да добијат 50 отсто повеќе пари.

Поврзани новости