Челниците на атински АЕК со соопштение: Казнете го Динамо!

by Fokus

Раководството на атинскиот фудбалски клуб АЕК излезе со соопштение во кое бара шестока казна за Динамо Загреб. Сето ова доаѓа по нередите што се случија во понеделникот во Атина, кога беше убиен 29-годишниот Михалис Куцурис – фан на грчкиот тим.

– Токму истото прашање што ги мачи нашите навивачи, како што дознаваме во последните неколку часа, не мачи и нас: Како е можно по варварското убиство на Михалис од глутница криминалци од Хрватска, АЕК да излезе на терен и игра против овој тим?

Дали некои од неговите убијци ќе бидат на трибините? Дали нивните соучесници во криминалот ќе бидат денес таму и ќе го слават убиството на нивните пријатели на социјалните мрежи? Оние кои го проколнуваат нашиот свет и се гордеат со убиството извршено од нивните соработници во организираниот криминал?

Кој всушност не принудува да играме таму додека крвта на нашиот убиен навивач и на други тешко повредени навивачи капе? Кога сите знаат дека тие што дојдоа овде да убиваат се составен дел од организацијата со која треба да играме фудбал?

Дали лобирањето на Хрватите во УЕФА е поважно од човечките животи што ги одзедоа убијците? И дали благосостојбата на европскиот фудбал бара да ги принудуваме нашите играчи да играат како ништо да не се случило?

Има само еден начин: Веднаш и строга казна сега! Тоа го чека цивилизираниот европски фудбалски свет. Заедно со АЕК! – стои во соопштението на клубот.

Поврзани новости