74
Шведскиот премиер Улф Кристерсон вечерва изјави дека неговата земја е чекор поблиску до полноправно членство во НАТО. Тој зборуваше откако турскиот парламент ја одобри апликацијата на Стокхолм за членство во Алијансата.
„Денес сме чекор поблиску до полноправна членка на НАТО. Позитивно е што Големото генерално собрание на Турција гласаше за влез на Шведска во НАТО“, напиша Кристерсон на социјалната мрежа Х.
Шведското барање е испратено до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на конечно потпишување, по што ќе биде проследено до Стејт департментот на САД, а за да може Шведска да стане полноправна членка на Алијансата, нејзиното барање мора да биде одобрено и од унгарскиот Парламентот.