116
Чехињата Барбора Крејчикова стана нова шампионка на Вимблдон. По три сета и драма во последниот гем од мечот, Крејчикова ја совлада Италијанката Јасмин Паолини – 6:2, 2:6, 6:4, по неполни два часа игра.
Барбора, шампионката на Ролан Гарос од 2021 година, продолжи таму каде што застана нејзината сонародничка Маркета Вондрушова, претходната шампионка на Вимблдон, додека Паолини не ја искористи историската можност да стане првата Италијанка која го освоила трофејот на најпрестижниот турнир.
Крејчикова го освои вториот Грен слем во кариерата, откако го подигна трофејот на Ролан Гарос во 2021 година.