Првиот човек на УЕФА, Александер Чеферин, во интервју за „Газета дело Спорт“ испрати јасна порака дека проектот за Суперлига нема да се реализира. Тој додаде дека се уште немал разговор со Ањели, со кого го растурија пријателството поради идејата за Суперлига.
-Го запознав Перез на финалето од Лигата на шампионите, се поздравив како што наложува протоколот. Во финалето во Париз бевме блиску, му честитав и тоа беше се. Не можам да очекувам УЕФА да биде моја сопственост. Без оглед на одлуката на Судот на ЕУ, ништо не се менува: проектот е мртов затоа што никој не сака да учествува во него – вели Словенецот.
Чеферин им одговори и на Пеп Гвардиола и Јирген Клоп за нивните жалби за густиот распоред на натпревари. Според него, работниците во фабриките треба да се жалат затоа што добиваат до 1.000 евра месечно, а не тренерот на Ливерпул и Манчестер сити.
-Клубовите бараа 10 натпревари во Лигата на шампиони, но ќе има осум. Клоп и Гвардиола се бунат? Лесно е да се нападнат УЕФА и ФИФА, но ситуацијата е јасна. Ако играат помалку, тогаш ќе добиваат помали плати. Ако некој треба да се жали, тогаш тоа се работниците во фабриките – кажа Чеферин.