525
Босна и Херцеговина е денеска обвиена во црно откако се дозна дека во градот Бихач 37 годишен татко си ги убил своите деца, а потоа сам себе си пресудил.
Според локалните медиуми, таткото ги заклал децата, а потоа се обесил и себе. Трагичниот настан во полиција го пријавил неговиот шура.
Според неофицијални информации сите три убиени деца се малолетни, а се претпоставува дека можен мотив е тоа што сопругата си заминала од куќата дваесетина дена претходно.