Чедомир Јовановиќ се истепал со сопругата?

by fokus

Српските медиуми цел ден ја следат денешната семејна драма што се случува меѓу лидерот на опозициската ЛДП, Чедомир Јовановиќ и неговата сопруга Јелена, откако во полиција утрово било пријавено семејно насилство во нивниот дом во Нов Белград.

Кога полицијата стигнала на местото и двајцата не биле дома, а куќната помошничка негирала дека имало некаква тепачка.

Јовановиќ за медиумите прво призна дека се тепале со својата сопруга и кратко потоа отиде сам да се пријави во полициска станица.

Неговата сопруга, пак веднаш ги демантираше информациите и тврдеше дека сето ова е измислица, дека готви ручек за нејзините деца и дека овој скандал на нејзиниот сопруг му го наместиле Русите и провладините медиуми.

Адвокатот на Јовановиќ па после тврдеше дека неговиот клиент саркастично изјавил за медиумите дека навистина се тепале со сопругата и дека бил задржан во полиција затоа што бил позитивен на нарко тестот, односно на бромазепам којшто го пиел за болки во грбот.

Наводно двајцата во полиција негирале дека се тепале, а случајот го пријавила мајката на Јелена. Двајцата сопружници имаат четири деца.

Поврзани новости