512
Македонија ја заслужува евроинтеграцијата во Унијата и НАТО повеќе од сите други земји кандидатки од регионот, изјави министерот за надворешни работи на Турција Мевљут Чавушоглу по денешната средба со неговиот македонски колега Никола Димитров.
– Турција ја поддржува Македонија во секое поле, не само на меѓународен план, и така ќе биде и во наредниот период. Вие ја заслужувате евроинтеграцијата повеќе од исте други кандидатки. Со вештачки наметнатото прашање за името, сметаме дека на Македонија и се нанесува голема неправда – изјави Чавушоглу.
Претходно, Димитров порача дека членството на Македониај во НАТО ќе има смирувачки и стабилирачко влијание во целиот регион.