Чавков, заедно со уште неколку пратеници во моментот се во Кривичниот суд каде што се одлучува дали ќе одат во притвор?

by fokus

Митко Чавков, екс министерот за внатрешни работи, кој утрово беше уапсен од МВР како осомничен за насилството што се случи на 27 април во Собранието, во моментот е изведен пред судија на претходна постапка, во Кривичниот суд, потврдуваат за „Фокус“ од Основниот суд Скопје 1.

Заедно со Чавков уапсени се уште неколку лица, а меѓу нив се Горан Ангелов, претседател на „Ќосето“, доктор Љубен Арнаудов, пратеникот Крсто Мукоски кои беа еден од пратениците што на крвавиот четврток ги отворија собраниските врати, Потоа приведени се Жаклина Стефановска, актерот Владо Јовановски…

Сите се наоѓаат во Кривичниот суд и засега е непознато дали обвинителството побарало притвор, бидејќи од судот само посочуваат дека судијата на претходна постапка постапува по писмен поднесок од Обвинителството, без да прецизира.

 

Поврзани новости