Мобилниот телефон со кој комуницирал поранешниот шеф на БЈБ, Митко Чавков, не бил запленет во истрагата за упадот во Собранието.
Тој рекол дека наводно го изгубил по болниците, рече обвинителката Вилма Русковска во завршните зборови.
-Не може да се утврди со кого комуницирал обвинетиот Чавков затоа што поголемиот дел од комуникацијата се одвивала преку Вибер, односно преку интернет – рече Русковска.
Во своите завршни зборови обвинителката даде опсежна и детална анализа по хронолошка линија за се она што се одвивало критичниот ден. Таа рече дека кога масата народ ја пресконала оградата и влегла во Собранието, златната команда на МВР се наоѓала во штабот на ВМРО ДПМНЕ и била информкрана за се што се случува, а не презела ништо.
-Ова укажува дека се што се случувало тој ден, не било случајно и дека се работело на тоа да не се повикаат дополнителни полициски сили – рече обвинителката.