Чавков по свое барање е префрлен во затворот во „Штип“

by lali

Поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков е преместен од затворот „Идризово“ во затворот „Штип“. Според затворските власти преместувањето е направено по негово барање од безбедносни причини.

Тој е во притвор по пресудата за упадот во Собранието на 27 април што се случи пред две години. Судот му одреди затвор од 18 години, по што одбраната на Чавков поднесе жалба во Апелација.

Поврзани новости