Чавков не може да биде избран за министер за внатрешни работи?

by Фокус 10:11
10:11

Актуелниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, не може да биде изгласан за нов министер за внатрешни работи, бидејќи таквата одлука би била против уставна.

Во Член 97 од Уставот пишува: „Со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“.

- Advertisements -

Ова според универзитетската професорка Мирјана Најческа, значи дека Чавков во никој случај не смее да биде избран за министер, бидејќи тој бил службено лице, со оружје и со командна одговорност, што значи дека не бил цивил.

И претстедателката на „Транспаренси Интернешнал Македонија“, Слаѓана Тасева, вели дека Чавков е овластено службено лице, а за да биде избран за министер, морал да биде надвор од службата во изминатите три години.

И во случај, да се протолкува дека Чавков сега, додека бил на директорската фотејла бил цивил, сепак тој на оваа функција е две години, а претходно бил прв човек на Централните полициски сили (ЦПС).

 

 

Поврзани новости