Чавков и денеска штрајкува со глад

by fokus

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, веќе втор ден штрајкува со глад во Истражниот затвор во Шутка, потврдуваат за „Фокус“ извори од таму. Како што велат од затворот, Чавков за сега е единствениот од притворените за 27-ми април кои одбиваат храна.

Тој во вторникот вечерта беше вратен во притвор откако Јавното обвинителство го покрена обвинението за терористичко загрозување на уставниот поредок. Ден претходно Врховниот суд му ја замени мерката со домашен притвор, но неговото враќање дома траеше само еден ден.

Како што претходно објавија медиумите Чавков бил револтиран од одлуката на Кивичниот суд и одбивал и да ја прима редовната лекарска терапија за неговите кардиоваскуларни проблеми.

 

Поврзани новости