Чавков: Дадов насоки за безбедно извлекување на сите пратеници!

by fokus

„Највнимателно дадов насоки за безбедно извлекување на сите пратеници“, изјави поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков на денешната јавна седница на Апелација, на која бара да му се укине притворот, кој го доби како осомничен за насилството во Собранието што се случи на 27 април.

„Во една специфична ситуација која ескалираше за секунда ќе видите дека веднаш се преземени сите неопходни дејствија за специфична ситуација, делување во затворен простор. Највнимателно дадов насоки за безбедно извлекување на сите пратеници. Од сите мои наредби кои постојат во документацијата на МВР, заклучно и за настанот на 27 април постојат јасни прецизни и енергични наредби за спречување на ескалација во една многу чувствителна ситуација како таа на ноќта на упадот во Собранието“, рече Чавков.

Чавков потенцира дека неговото лишување од слобода било најавувано уште во мај, а бил уапсен во ноември и цело време бил во државава без намера да бега. Рече дека имал инфаркт во јуни пред апсењето, а два пати излегол од државата и се вратил назад.

 

Поврзани новости