443
Митко Чавков, раководител на оперативниот штаб, но и тогашен дирктор на БЈБ, за време на насилството на 27 април или крвавиот четврток бил на стотина метри од Собранието. Неговата локација ја одредиле три базни станици, јавува телевизија Телма.
Неговиот мобилен телефон бил фатен на три базни станици и тоа на ВМРО, Алмако и италијанската амбасада, во триаголникот во центарот на Скопје.
Според информациите на телевизијата Чавков одбил да даде исказ пред работната група во МВР, а на распит се уште не бил повикан ниту во обвинителството.
Тогашниот министер за внатрешни работи Агим Нухиу го посочи како директен одговорен за насилството, бидејќи во критичните моменти не му се јавувал на телефон.