Еден од тројцата членови на изборната комисија, Тамара Чаусидис, вели дека изборот на Младен Чадиковски за претседател на ЗНМ е легитимен, по реакциите на некои новинари дека за победа е потребно апсолутно мнозинство од гласовите.
,,Гласањето почна по 14 часот, а сите регистрирани членови кои беа присутни на изборното собрание беа по име читани и повторно регистрирани дека се присутни за гласање. За Младен глсаа 86, а за Столе 77. Така што како член на комисијата, воопшто немам дилеми дека изборот на претседател на ЗНМ е легитимен. Не сум правник да толкувам правилници, ама како новинар логично знам дека 86 е повеќе од 77. 169 поделено на два е 84, 5. Така што изборот на Младен Чадиковски е легитимен“-вели Чаусидис.
Претходно, Горан Трпеноски од порталот СДК, го оспори легитимитетот на Чадиковски:
,,На Собранието на ЗНМ беа присутни 175 од 555 членови. Чадиковски доби 86 гласови, а противкандидатот Столе Наумов – 77. За да биде избран претседателот на ЗНМ, треба да добие мнозинство од присутните. На Чадиковски му беа потребни 88 гласа за да победи во првиот круг, а не 86, колку што доби“-тврдеше Трпеноски.