Чаура од пиштол најдена кај распаднатото тело на Матка

by fokus

На дваесетина метри од местото каде полицајци најдоа труп во распаѓање во близина на Горна Матка била забележана чаура од пиштолски куршум, јавува Телма.

Официјалната верзија е дека полициски тим кој патролирал во ова планинско подрачје на дваесетина метри од асфалтниот пат забележала човечки череп од маж закопан во земјата.

 

Првичните сомнежи се дека станува збор за убиство поврзано или со киднапирање или со случај на исчезнат човек.

Телото е предадено на обдукција каде ќе се вршат и ДНК анализа и други вештачења. Жртвата била во полулежечка речиси клекната состојба. Нема информации какви траги од насилство има.

Поврзани новости