Новиот британски крал Чарлс Трети ќе ја прекине традицијата стара 185 години, пишуваат британски медиуми. Toj нема да се пресели во Бакингемскиот палата, каде што живееле сите британски кралеви и кралици – шест од нив – од 1837 година, кога кралицата Викторија дојде на тронот.
Чарлс и неговата сопруга Камила сакаат нивната резиденција и понатаму да биде Кларенс Хаус, која е на неколку минути пешачење од Бакингемскиот дворец и каде што живеат од 2003 година.
Бакингемската палата и понатаму ќе биде официјално седиште на монархијата, а Чарлс нема да се пресели таму дури и кога ќе биде целосно реновирана во 2027 година.
Извор близок до кралското семејство изјави за „Сандеј тајмс“ дека Чарлс се чувствува многу удобно во Кларенс Хаус, каде мајката на кралицата Елизабета живеела до 2002 година.
Тој смета дека Бакингемската палата не е прилагодена на современиот свет и не е одржлива ниту финансиски ниту еколошки, вели истиот извор.
Кралот, наводно, сака оваа палата да ја отвори за јавноста.
„Тој препознава дека сè мора да еволуира, а во модерната ера луѓето сакаат да влегуваат во палати. Тој ова го поддржува и палатите ги смета за јавен а не приватен простор. Во Бакингемскиот дворец најверојатно ќе биде отворена постојана изложба во чест на кралицата Елизабета,“ открива изворот за „Сандеј тајмс“.