Словачката претседателка Зузана Чапутова во Варшава денеска изјави дека Словачка повеќе не може да и помага на Украина со оружје бидејќи дала се што можела и дека промените по доаѓањето на власт на премиерот Роберт Фиц.
„Не очекувам преголеми промени по доаѓањето на новиот претседател. Поголема воена помош за Украина не е можна бидејќи Словачка направи се што можеше во таа област“, изјави Чапутова по разговорот со полскиот претседател Анджеј Дуда, пренесуваат полските медиуми.
Дуда и се заблагодари на Чапутова за нејзината проштална посета на Варшава и се согласи со неа дека Полска може да смета на добра соработка со новоизбраниот претседател Пелегрини.
„Го познавам Пелегрини и верувам дека соработката ќе биде многу добра. Пелегрини е многу искусен политичар и како што покажува моето искуство од минатото, тој водеше многу избалансирана политика и не очекувам ништо друго“ – рече Дуда.