Чапаровски излезе од притвор, како гаранција го дал станот во вредност од 82.413 евра

by fokus

По 13 дена поминати зад решетки, директорот на скопската Клиника за неврохирургија, Александар Чапароски, кој е осомничен за земање на мито од 1.000 евра, од пред една недела е на слобода, бидејќи судија на претходна постапка му го укинал притворот.

Од Кривичниот суд појаснуваат дека притворот е укинат бидејќи завршило сослушувањето на сведоците, што значи дека осомничениот не може да влијае врз нив, потоа веќе е разрешен од директорската функција, што значи дека не може да го повтори делото, а како што велат опасноста од бегство се уште постои, но затоа му е одредена гаранција, односно го заложил неговиот стан кој е проценет на 82.413 евра.

Чапаровски има обврска да не го напушта живеалиштето, односно да не се оддалечува од градот во кој живее, во случајот Скопје, и еднаш неделно да се јавува во судот. Исто така како мерка на претпазливост одземена му е и патната исправа.

Чапароски на 31 мај беше уапсен по пријава на граѓанин, односно тој пријавил во полиција дека му побарал 1.000 евра за издавање на потврда со која неговото малолетно дете требало да замине на лекување во странство. При претресот во неговата канцеларијата и домот на директорот Чапаровски била пронајдена поголема сума на пари, над 30.000 евра.

В.В.

Поврзани новости