Чаирска гинекологија доби нов Ургентен оддел

by Фокус

Како составен дел од Јавната здравствена установа „Мајка Тереза„ во Чаир, денес се пушти во употреба целосно реконструиран Ургентен оддел, кој е целосно реновиран според сите стандарди и ги содржи најновите технолошки апарати и опрема.

Како што истакнаа од чаирската болница, реновираниот Ургентен оддел има сала за хируршки интервенции, подготвителни и пост оперативни капацитети, а услужниот капацитет на овој центар е 1.500 интервенции на годишно ниво.

-Пред новогодишните празници добивме еден прекрасен подарок, оваа целосна реновирана Ургентна Сала, која доаѓа како позитивна вест во овој период кога на жалост пандемијата ни дава многу лоши вести. Со оваа сала нашиот тим ќе продолжи посветено да работи уште поквалитетно да ги извршува своите секојдневни работи„ изјави директорот на Гинекологијата во Чаир, Башким Исмаили.

Инаку, овој Ургентен оддел со површина од 400 квадратни метри е донација од домашната компанија Алма-М, со помош и на Ефтинија и Темпо99, во вредност околу 8.000.000 денари.

Сопственикот на Алма-М, Муарем Муртезани, изјави дека му е драго што првата донација од пред 3 години, кога беше целосно реконструиран и оперативниот оддел на болницата, е успешно одржувана.

 

Поврзани новости