Според метеоролозите за денес претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.
УВ индексот ќе изнесува 8.
Дневните температури на воздухот во земјава ќе се движат од 23 до 33 степени.
Во Скопје се очекува слично време и максимални дневни 30 степени.
Според УХМР до четврток во попладневните часови ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално ќе има појава на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град.
Во петок и за време на викендот ќе преовладува сончево и топло време, но ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд со грмежи.
Во понеделник се очекува да биде посвежо, врнежливо и повремено со засилен северен ветер.