Чадиковски: Заканата на Османи кон медиумите е обид за ограничување на слободата на говорот

by fokus

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски беше гостин во Централниот дневник на 1ТВ каде ги анализираше настаните кои ја одбелажаа неделава во врска со откажувањето на субвенциите на весникот „Заман“, како и заканите на министерот Османи кон медиумите.

-Не само што изјавата е неадекватна, не е примерна за министри во влада да се закануваат со тужби и тоа е обид за ограничување на слободата на говорот. Министрите ако имаат проблеми меѓу себе да не ги мешаат новинарите кои истражуваат и анализираат. Оттаму беше и нашата реакција, па Османи се извини иако не ги повлече до крај заканите, но го намали опсегот на заканите, рече Чадиковски.

Поврзани новости