499
Хирургот Владимир Чадиковски вечерва на Инстаграм објави фотографија под која напиша дека е од времето кога здравјето на најмалите било пред личните интереси, политката и парите.
Вели дека ја продолжува неговата мисија во подобри услови и во подобар систем.
-Оваа фотографија е вистински пример за времињата кога борбата за обезбедување на квалитетен третман за децата беше секогаш приоритет. Кога здравјето на најмалите беше пред личните интереси, политика, пари… Здравјето и грижата за децата за мене е најважно. Останувам посветен на борбата за здрави генерации. Ја продолжувам мојата мисија да се грижам за моите мали херои, во подобри услови и подобар систем, напиша Чадиковски на Инстаграм.