144
Пожарникари од Противопожарната единица Велес спречиле пожар во стан во Велес, откако вчера попладне добиле дојава дека чади заклучен стан.
Брзо дејствувале, ја отвориле вратата и установено е дека сопственикот го заборавил шпоретот вклучен, којшто е пронајден и дошол на лице место.
Штети немало направено, интервенирано е на време.
На терен биле 3 пожарникари со 1ПП возило.