Првото рочиште за случајот „Транспортер“, во кој првообвинет е битолскиот градоначалник Владимир Талески, денеска се одложи бидејќи не дојде една од обвинетите. Како што соопшти одбраната, обвинетата Јасмина Микиќ-Десановска имала сообраќајна несреќа на пат кон Скопје што ја спречило да се појави во судот. Сите други 20 обвинети и нивните адвокати беа во судницата.
По одложување на рочиштето Талески изјави дека обвинението, во кое се товари за малверзации при тендер за превоз на ученици во Битола, е политички монтиран процес против него.
-Струмица и Куманово имаат поскап превоз на ученици од Битола. Ова обвинение против мене е политичко. Постапката ќе ја истераме докрај и ќе докажеме дека во нашето работење нема криминал. Ако сме грешеле ние, тогаш грешеле сите општини во Македонија – изјави градоначалникот на Битола по излегувањето од судницата.