Љупко Петровиќ по сообраќајката е во вештачка кома

by Fokus

Легендарниот Љупко Петровиќ по сообраќајката која ја направи возејќи во спротивен правец на автопат во четвртокот се наоѓа во вештачка кома.

Стратегот кој на Црвена Звезда и ја донесе европската титула во 1991 година возеше во спротивен правец на обиколницата околу Белград и во таа ситуаџија се судри директно со Шевролет кој си возеше во својата лента.

Од шокот, Петровиќ доживеал два мозочни удари и сега во вештачка кома, откри кардиохирургот Миљко Ристиќ.

„Љупко го знам приватно, а беше и наш пациент. Правевме некои испитувања. Ме погоди тоа што му се случи, колку што знам е во стабилна состојба, тоа е се што можам да ви кажам, се надевам дека се ќе оди во добра насока. Не го посетив, но сум добро информиран. Во овој момент е во вештачка кома, морам да биде искрен, неговата прогноза во овој момент е неизвесна. Сепак, се надевам дека ќе излезе како победник, оптимист сум. Најкритично беше во првите 48 часа, засега се држи одлично“, изјави Ристиќ за „Информер“.

Поврзани новости