412
Поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев, наместо шест, издржа затворска казна од пет месеци. Тој денеска излезе од затворот во Струмица, каде ја извршуваше казната поради обид за шверц на цигари.
Веста ја потврди директорот на струмичкиот затвор, Борче Цветков. Тој информираше дека Стојчев од затвор излегол еден месец порано, бидејќи имал примерно однесување и според член 206 од Законот за извршување санкции директорот на затворот може да му одобри 30 денови скратување на казната.
Стојчев беше осуден на шест месеци затвор на 12 јули оваа година и требаше на слобода да излезе на 12 идниот месец.