Премиерот Димитар Ковачевски пристигна на министерскиот совет на ОБСЕ во спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Во изјава за медиумите тој истакна дека ако ОБСЕ пред 30 години и помогна на Македонија, денес Македонија му помага на ОБСЕ да продолжи да биде најголемата регионална безбедносна организација во Европа.
„Ние претседававме во најтешката година за ОБСЕ со оглед на тоа дека организацијата се соочи со голем број предизвици во светло на неоправданата агресија на Русија врз Украина, меѓутоа се надевам дека ќе бидат потврдени одлуките за избор на нов претседавач за избор на четирите најзначајни позиции во ОБСЕ, како и донесување на буџетот. Вчера имав средба со државниот секретар на САД, Блинкен, како и со министерот за надворешни работи на Британија, Камерун“, порача Ковачевски.
Во однос на недоаѓањето на некои министри поради присуството на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, Ковачевски порача дека треба да бидеме свесни дека секоја земја на свој начин испраќа порака за неоправданата агресија којашто Русија ја изврши врз суверена држава врз Украина.
„Некои земји тоа го прават со свое неприсуство, а некои со јасно искажани ставови. Истото ќе го направам и јас во своето излагање“, истакна меѓудругото премиерот Димитар Ковачевски.
Тој порача и дека нема да има билатерална средба со Лавров.