Бужаровска: Смешно е да се одземаат пасоши на лица кои имаат повеќе документи

by fokus

„Смешно е Кривичниот суд да изрече мерка одземање пасош на обвинети лица кои имаат по два и повеќе пасоши“, изјави универзитетската професорка Гордана Бужаровска на денешната презентација за примена на Законот за висината на одмерување на казните, во Македонската академија на науките и уметностите.

Бужаровска порача дека е потребно и судиите да поднесат одговорност.

„Јавноста дозна дека постојат мерки на претпазливост, по постапувањето на СЈО за отворените истраги и обвиненија. Потребно е и судиите да понесат одговорност“, рече професорката од Правниот факултет и посочи дека се потребни нови законски решенија.

Поврзани новости