1.3K
Вечерва силно невреме ги зафати источните делови на Србија и донесе многу пороен дожд со грмежи и град.
Бурата дополнително се зајакна, па поширокото подрачје на Бор и Зајечар беше зафатено од таканаречна суперклеточна бура со силен град, силни грмежи, бурен ветер и многу обилни врнежи.
Бурата се движи кон исток и наскоро ќе го напушти подрачјето на Србија на пат кон Бугарија. Во втората половина од ноќта се очекува смирување и разведрување на времето во поголемиот дел од Србија.