543
Бунт во затворот во Битола, неофицијално пренесуваат дел од домашните медиуми.
Информациите се дека е запалена затворска келија, а делува и противпожарна екипа.
Иако нема потврда, затворот е без струја.
Не се познати причините за бунтот.
Засега нема информација за евентуални повредени.
Во битолскиот затвор во делот каде избувнал пожарот се сместени притвореници, а во моментов мерка притвор таму издржуваат вкупно 18 лица. Се очекува, по наредба на судот, тие да се распоредат во притворски одделенија во останатите затвори низ земјава.