Бундестагот денеска треба да му изгласа недоверба на Шолц за да го отвори патот за избори

by Fokus

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ќе го повика германскиот Парламент да и изгласа недоверба на германската влада, што ќе биде првиот формален чекор да се овозможи одржување предвремени избори по распадот на владејачката коалиција.

Доколку парламентот не му изгласа недоверба на Шолц, се очекува тој да поднесе оставка за да се овозможи процедура за избори.

После тоа германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер треба да го распушти Парламентот.

Слободните демократи ја напуштија владејачката коалиција минатиот месец, а Социјалдемократите и Зелените на Шолц сега владеат без парламентарно мнозинство.

Предвремените парламентарни избори во Германија се закажани за 23 февруари.

Шолц и министрите во владата ќе останат на функцијата до формирањето на новата влада, што може да потрае со месеци доколку има долги преговори за формирање на владејачка коалиција по парламентарните избори.

Поврзани новости