Бун: Постои ризик од раздвојување на Македонија и Албанија доколку не се донесат уставните измени

by fokus

Има ризик од раздвојување на Северна Македонија и Албанија доколку не се усвојат измените на Уставот пред крајот на годината, вели Лоренс Бун – државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција во интервју за МИА.

-Очигледно е дека постои ризик од раздвојување доколку не се усвојат уставните измени пред крајот на годината, вели Бун.

Според неа уставните измени се дел од договорот што го постигнале Северна Македонија и ЕУ за да се продолжи кон автоматски почеток на процесот на пристапување, откако уставните измени ќе бидат изгласани, додавајќи дека нема други барања за започнување на процесот на пристапување.

 

Поврзани новости