49
Јавното осветлување на булеварот „Кочо Рацин“ во центарот на Скопје со денови не работи.
-Со тоа сериозно се загрозува безбедноста на пешаците и на возачите. За малку од малку да ја подобриме состојбата ние од Шанса за Центар вечерва набавивме трепкачи за велосипеди и го обележавме пешачкиот остров за да биде повидлив за возачите. Град Скопје ЈП „Улици и патишта“ – Скопје, Министерство за внатрешни работи, јавното осветлување мора итно да биде оспособено за да се намали ризикот за пешаците. Сите граѓани на Скопје преку сметките за електрична енергија плаќаат и за јавното осветлување и тоа мора да им биде достапно, апелираат од советничката група „Шанса за Центар“.