Булдожер дониран од македонската влада чистеше снег во Голо Брдо

by Фокус

Снежните намети што деновиве го зафатија регионот на Голо Брдо предизвикаа прекин во сообраќајот, оставајќи отсечени повеќе села.

Но, за разлика од минатите години, како што соопштија од македонската амбасада во Тирана, ситуацијата оваа година е поинаква.

„Имено, месната заедница во Требиште на чие чело е администраторот Едмонд Османи го ставија во употреба булдожерот дониран од Владата на Република Северна Македонија и започнаа со расчистување на снежните наноси на патиштата меѓу селата“, информираа од Амбасадата.

 

Поврзани новости