Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, утре ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Србија, каде ќе оствари средби со Министерот за европски интеграции, Јадранка Јоксимовиќ, со Претседателот на Одборот за европски прашања во Парламентот на Република Србија, Ненад Чанак како и со координаторот на Националниот Конвент за ЕУ на Република Србија, Наташа Драгојловиќ.
Како што информираат од Владата, на средбата ќе бидат отворени темите за напредокот на односите меѓу двете земји, потенцијалите во рамките на регионалната соработка, како и европските перспективи на регионот во контекст на претстојните значајни настани како што се: Стратегија за проширување, Извештаите на Европската Комисија за земјите од регионот, Самитот за проширување во Софија итн.