Бујар Османи: Очекувам брзо да бидат поднесени уставните измени!

by Fokus

Бујар Османи – македонскиот министер за надворешни работи вечерва во интервју за Канал 5 тв изјави дека се прават последните подготовки на уставните измени и оти неговите очекувања се дека тие брзо ќе бидат доставени до Собранието.

„Се прават последните подготовки. Јас очекувам да биде тоа брзо. Се сетира тајмингот да биде соодветен односно да ја помогне дебатата и дискусијата. Мислам дека ќе биде прекршен момент односно важен момент самото поднесување бидејќи очекувам дека тогаш ќе имаме суштинска дебата по однос на содржината на амандманите“ рече Османи.

Тој смета дека „многу е важен тој момент Владата да ги испрати амандманите и Владата да почне дебата за содржината на амандманите“.

„ Ако во таа дебата изгубиме односно граѓаните се убедени дека тоа се лоши формулации тоа е фер. Меѓутоа, ние треба полека да ги тргнеме тие слоеви на пропаганда за да стигнеме до суштината на уставните измени“ – изјави шефот на дипломатијата.

Според него, она што сега го гледаме за уставните измени е партиска политика.

„Правиме истражување на јавното мислење. Верувајте не. Граѓаните се изненадуваат кога се соочуваат со текстот. Најголемиот дел се изненадуваат дека е сосема различно од тоа што го слушаат на телевизија“ потенцираше Османи.

Поврзани новости