Бујар Османи нема корона вирус, но останува во самоизолација

by Fokus

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, објави дека направил тест за корона вирус и дека резултатот е негативен.

Меѓутоа, посочува, дека треба да остане во изолација уште седум дена, по што ќе следува и второ тестирање.

Тој е еден од претставниците на владата кои завршија во самоизолација откако присуствуваа на состанок во Куманово на кој беше и градоначалникот Максим Димитриевски, за кој ден подоцна пристигнаа резултати дека е заразен со новиот корона вирус.

Поврзани новости