Бујар Османи: Не може неколку олигарси да го спречат суверенитетот што извира од граѓаните

by Fokus

Според актуелниот министер за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, какво било прашање поврзано со евентуално враќање на поранешниот премиер Никола Груевски, треба да биде адресирано до актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, а не кон неговата партија. Во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, Османи тврди дека неоправдано се обвинува „дежурниот кривец ДУИ“ и покрај тоа што тие се борат за гласовите на Албанците.

„Не мислам дека прашањето на враќање на Груевски е прашање на ДУИ, туку е внатрепартиско прашање во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се стравовите коишто ги има во актуелното раководство – од евентуално враќање на Груевски поради тоа што сите анкети го покажуваат како попопуларен отколку актуелното раководство. Значи, нивниот страв се обидуваат да го проектираат врз ДУИ. ДУИ нема никаков интерес, ниту е директен конкурент за електоратот на ВМРО-ДПМНЕ. Ние имаме албански, тие македонски електорат.

Така што, тоа е внатре-вмровски, проблем на ВМРО-ДПМНЕ, којшто се обидуваат да го проектираат, а се разбира дежурниот кривец за сè е ДУИ. Нели ДУИ е злото во оваа држава. Таков е наративот кој се обидува да се создаде. Бидејќи не можат да кажат Албанците се злото, па треба со некоја политичка култура да се каже дека ДУИ е злото, а всушност се мисли на Албанците. И тој наратив се обидува да се префрли на дежурниот кривец. Не, не… дали ќе дојде Груевски, кому ќе штети, е прашање на ВМРО-ДПМНЕ и евентуална придобивка да има СДСМ“, вели Османи во интервјуто.

 

Поврзани новости