Бујар Османи ќе добие заменичка од ДПА?

by fokus

Новиот минстер за надворешни работи, Бујар Османи кој е предлог на ДУИ најверојатно ќе добие заменичка од ДПА.

Како што јавува ТВ 21, од ДПА потврдиле дека го добиле заменик министерското место во МНР, а на заменичкото столче ќе седне Фатмире Исаку која беше кандидатка за пратеничка на парламентарните избори во Шестата изборна единица, но во Собрание влезе само лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Инаку Исаку е професорка по англиски јазик на Тетовскиот универзитет, докторирала на англиски јазик и литература. Заменик министер во МНР досега беше Андреј Жерновски.

Поврзани новости