Бујар Османи и стана пациент на Јанева: Како министер за здравство го оштетил државниот буџет за 500.000 евра

by fokus

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во вечерашното гостување на Канал 5 рече дека во новата истрага „Пациент“ еден од осомничените е сегашниот вицепремиер, а тогашен министер за здравство, Бујар Османи.

-Тука се работи за повеќе лица. Се работи за 15 лица, меѓу кои и Бујар Османи, како министер за здравство. Во периодот од 2010 до 2012 година отвориле јавни набавки за повеќе градежни работи за повеќе болници низ Македонија и причиниле штета на буџетот. Наместо да изберат најповолна понуда, ја избрале фирмата ГБС Благоевград, иако била поскапа од другата фирма што аплицирала на тендерот, со што буџетот е оштетен за 500.000 евра, рече Јанева.

Поврзани новости