Откако Анкетната комисија за Онкологија вчера ги објавите, според нивни „главните виновници“, кои треба да сносат политичка одговорност за скандалот на Онколошката клиника, единствено со остра реакција се јави поранешната директорка на Државниот здравствен и санитарен инспекторат,Ирина Бухова
„Како поранешен директор на ДЗСИ, најостро реагирам на предлог заклучоците за моја политичка одговорност на Анкетната комисија при Собранието за случајот со онкологија. ДЗСИ нема никаква законска надлежност во делот на препишување на терапија, распоредување на терапија и контрола над начинот на кој се аплицира терапијата.
Во прилог на ова говорат и законските надлежности на инспекторите од ДЗСИ, од каде е јасно дека инспекторатот не е органот кој е надлежен за преземање на активности и проверки во конкретниот случај. Дополнително во рамки на инспекторатот додека јас сум била директор немало никаква пријава и инспекторатот немал никакви сознанија за евентуални неправилности, за да реагира и ги проследи сознанијата до надлежните институции.
Според тоа предлог заклучоците се неиздржани и се одраз на политички реваншизам. Како здравствен работник јас ја подржувам работата како на анкетната комисија така и на секој орган кој би придонел до расчистување на сите околности за овој случај, но не можам да останам нема на злоупотребата на овој процес за нелегитимно собирање политички поени и неоснована политичка дискредитација“, се наведува во реакцијата од доктор Бухова.
Инаку, по неколку написи во неделникот „Фокус“, Обвинителството отвори предистражна постапка, во чии рамки полициски инспектори извршија претрес на Онкологија и во домови на вработени и прибраа документација. Како што пишувавме, се работи за криминална шема за препродажба на скапата билошка терапија, која наместо за тешко болните завршувала на црниот пазар.
(АРХИВА) Наместо со биолошка терапија, болни од рак „лечеле“ со физиолошки раствор?!
(АРХИВА) Онкологија набилда долг од 20 милиони евра, вработени крадат цитостатици од болните од рак!
Германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ објави текст за Северна Македонија под наслов „Корупција во името на ЕУ“, во кој, покрај останатото, се споменува серијалот на неделникот „Фокус“ за скопската Клиника за Онкологија, врз основа на кои беше покрената предистрага за препродажба на лекови за болните од рак. Како што пишува „ФАЦ“, се работи за скандал.
„Луѓето во Северна Македонија се навикнати на фактот дека корупцијата е постојано зло во нивната земја. Но, она што скопскиот неделник „Фокус“ го откри во две опсежни извештаи во август беше скандалозно дури и за популарни стандарди.
Според откритијата, кои сега ги истражува судството, од најважната Клиника за онкологија во земјата очигледно систематски биле украдени скапи лекови за рак и се продавале на црниот пазар“, пишуваше „ФАЦ“.
Ирена Мулачка