480
Доктор Ирина Сотирова-Бухова си поднесе оставка од директор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
Според, наши информации, оставката била поднесена пред неколку денови. Тоа е еден од владините заклучоци, каде што во документите се наведува дека се рзрешува од функцијата на нејзино барање.
„Фокус“ ја контактираше и досегашната директорка на ДСЗИ, која ни потврди дека си поднела оставка.
„На мое барање сум разрешена од ДСЗИ“, одговори Бухова.
Во последниот период се крена голема фама околу нејзиното директорување, па се вртеа муабети од тоа дека ќе биде разрешена и дури дека повеќе не е директор на институцијата, со која управуваше повеќе од четири години.
И.М.